Воспаление на слузницата на усната шуплина (stomatitis)

Како почетен дел на дигестивниот тракт, устата е често изложена на различни штетни влијанија и на тој начин, често е седиште на најразлични патолошки процеси, при кои значајно место зазема восплението на слузницатата на устата. Слузницата на устата е дел од дигестивниот тракат и ја обложува усната шуплина, а промените во неа се воедно индикатор за многубројни други заболувања.

Воспалението на слузницата на устата (stomatitis) како самостојно заболување настанува заради директна иритација која дејствува на слузницата.Најчесто ја предизвикуваат бактерии. Сите фактори од хемиска, механичка, и термичка природа кои го оштетуваат заштитниот површински слој на слузницата на устата го потикнуваат настанокот на воспалението.Општите болести кои ја намалуваат отпорноста на организмот, посебно придружено со слаба хигиена на устата, истотака допринесуваат, за појава на стоматит.

Ндаразнително делува груба харана, страни тела (на пр. коски, посебно од риба), болести на забите како и промена на забалото т. е вродени или стекнати неправилности на забалото. Слузницата на устата можат да ја оштетат и разни хемикалии (киселини и бази). Преладна храна (од фрижидер или недоволно одмрзната), како и прежешка храна, истотака можат да ја смалат локалната отпорност на слузницата на устата и да допринесат во развој на воспаление.

Болеста ја завфаќа целета слузница на устата, па дури и гингивите. Се јавува интензивно црвенило, слузницата е отечена, јазикот обложен, а усните зголемени. Гингивите се воспалени, деловите измеѓу два заба се зголемени и крварат на допир. Присутно е зголемено лачење на плунка и непријатен мирис од устата. Болните имаат чувство на трулеж во устата или горчлив вкус. Регионалните лимфни јазли се зголемени и болни на допир. Температурата е незначително зголемена , апетитот слаб, болките се зголемуваат во тек на јадење или говор.

Во повеќето случаеви стоматитот е само еден од клиничките знаци кои ги пратат другите заболувања, па се јајвува во склоп на уремија, труење со тешки метали, недостаток на витамин А и  C , а може да се јави и кај некои зразни болести.

Воспалението на слузницата на устата се лекува со антибиотици, се отсрануваат сите локални дразби и се санира усната шуплина со уотреба на  антисептички безрецептни лекови.

Ако ги користите производите Lysobact® (Lysobact® компримиранилозенги, Lysobact Spray® или Lysobact Complete Spray®). Активните компоненти на производите Lysobact® делуваат против причинителот на воспалението (бактерии, вируси, и гливици), ги ублажуваат симптомите, го смируваат воспалителниот процес т.е. помагаат во зараснување на слузницата на устата и грлото. Lysobact® ја штити слузницата на устата и грлото и го зајакнува локалниот имун одговор.

Производите Lysobact Spray® и Lysobact Complete Spray® не содржат алкохол.

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian