Lysobact Complete Spray®

mk-003-Lysobact-Complete

Lysobact Complete Spray® содржи единствена,подобрена формулација на лекот Lysobact Spray®. Lysobact Complete Spray® содржи три активни компоненти во една формулација: освен лизозим и антисептик цетил пиридин хлорид, содржи и локалнен анестетик лидокаин.
1 ml од лекот Lysobact Complete Spray® содржи 20 mg лизозим хидрохлорид и 1,5 mg цетилпиридин хлорид и 0,5 mg лидокаин хидрохлорид.

Лизозимот е единствената супстанца од природно потекло која е значаен фактор на природниот имунитет и своите повеќекратно корисно тераписко дејство  помага во заштита и оздравување на слузницата на устата и грлото. Цетилпиридин е орален антисептик со широк антимикробен спектар на дејствување против многу микроорганизми, вклучувајќи вируси и габи. Лизозим и цетилпиридин покажуваат заедничко синергистичко антимикробно дејство. Ефикасност  и сигурност на двете активни компоненти на лекот се докажани во многубројни контролирани клинички и претклинички студиии .

 

 

Lysobact Complete Spray® покажува анестетско дејство заради лидокаинот во своојот состав, врз слузницата на устата и грлото, со тоа ја отстранува болката која е пратечки симптом кај сите јаки воспалителни процеси во подрачјето на слузницата на устата и грлото.

Активните компоненти на лекот Lysobact Complete Spray®:

  • дејствуваат против причинителот на воспалението (бактерии, вируси, гливици),
  • го смируваат воспалителниот процес,
  • помгаат во зраснување на раните и оштетување на слузницата на усната шуплина,
  • ја штита усната шуплина и грлото,
  • го зајакнуваа локалниот имун одговор
  • го отстрануваат чувството на болка.

Lysobact Complete Spray®  претставува одличен тераписки избор и комплетно решение за проблеми кај акутни воспалителни и сосотојби прппратени со болки и оштетување на слузницата на устат и грлото .

Lysobact Complete Spray® се применува кај:

  • болки во грлото –  кај болно надразнето и воспалено грло
  • воспаленија на крајниците
  • воспаленија на голтникот
  • воспаление на гингивите  (gingivitis)
  • воспаление на слузницата на устата  (stomatitis)
  • мали ранички на устата  (afti)
  • пред и по оперативни зафати (крајници, фарингс)
  • кај повреди
  • кај апсцеси
  • по вадење на заби

Lysobact Complete Spray® содржи арома на пеперминт која го освежува здивот и го отастарнува непријатниот мирис од устата и грлото.

This post is also available in: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian

  • Lysobact Complete Spray® најсилно дејствува на причинителите на воспалителни состојби на устата и грлото, го  ублажува воспалението и неговите смптоми, забрзува оздравување и може да спречи развој на потешки инфекции и воспаленија.
  • Единствениот став на лекот  Lysobact Complete Spray® покажува комплетно влијание против сите воспалителни и болни состојби и и оштетувања на слузницата на устата и грлото.
  • Lysobact Complete Spray®покажува десет корисни дејства врз слузницата на устата и грлото!
  • Претставува практична и современа форма на спреј прилагодена на потребите на активниот стил на живеење на личности кои се грижат за своето здравје.
  • Lysobact Complete Spray® е опремен со  апликатор кој овозможува едноставна, лесна, брза и прецизна примена на лекот
  • Lysobact Complete Spray® содржи арома на пеперминт
  • Lysobact Complete Spray® не содржи алкохол 
  • Lysobact Complete Spray® на содржи шеќер и не погоден за примена кај дијабетичари
  • Лекот се издава без лекарски рецепт

За поединечна доза, потребно е пет пати да се притисне пумпицата за распрснување. Постапката може да се повтори 3-6 пати на ден, со минимални растојанија од 2 h помеѓу дозирање. При еден притисок на пумпицата за распрснување се ослободува 0,20 ml раствор кој содржи 4 mg  лизозим, 0,3 mg цетилипиридин и 0,1 mg лидокаин хидрохлорид.

    Начин на употреба:

  • Се препорачува примена на лекот само за еден пациент.
  • Пред првата употреба, потребно е да се извади пластичниот затворач од пумпицата за распрснување.
  • Потоа, апликаторот за распрснувачот од спрејот со благ притисок поставете го на пумпицата за распрснување.
  • Апликаторот е бочно подвижен и овозможува правилна апликација на спрејот во усната шуплина.
  •  Апликаторот треба да се сврти према горе , под прав агол во однос на шишето
  • Пред првата апликација на спрејот, пумпицата за распрснување треба прво да се притисне неколку пати, додека не се постигне изедначено распрснување.
  • Треба повторно да се отвори устата, апликаторот да се насочи, према заболеното место и пумпицата за распрснување да се притисне онолку пати колку што е назначено во дозирањето на лекот
  • За време на распрснување треба да се задржи здивот.
  • Да не се голта.
  • По примена на лекот , апликаторот треба да се сврти према долу, при што распрснувањето се блокира.

Lysobact Complete Spray® не се препорачува кај деца помали од 6 години. Lysobact Complete Spray® не содржи шеќер и погоден е за примена кај дијабетичари.