• bs
  • sq
  • mk
  • sr
  • uk

Lysobact Spray®

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

 

LYSOBACT Spray® со арома на анис
LYSOBACT Spray® со арома на пеперминт
(20 + 1,5) mg/ml
спреј за усна слузница, раствор
лизозим/цетилпиридин

 

Пред употреба внимателно прочитајте го ова упатство!

Овој лек можете да го купите без лекарски рецепт. Пoтребно е да се придржувате кон ова упатство како со примена на лекот би ги добила најдобрите резуалтати. Сочувајте го упатството. Можеби ќе сакате повторно да го прочитате. Ако имате дополнителни прашања обратете се кај својот доктор или фармацевт. 

 

Во ова упатство можете да прочитате:

This post is also available in: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian

 Lijek LYSOBACT Spray® се применува за :

  • Локално лекување на акутни воспалителни болести на слузницата на усната шуплина и грото, како гингивит ( воспаление на гингивите ), стоматит (воспаление на слузницаа на усната шуплина) и афти (мали ранички на слузницата на устата).
  • Помошна терапија кај болки во грлото , болки при голтање, воспаление на крајниците и голтникот. Помошна терапија кај болки во грлото, при голтање, воспаление на крајници и голтник.
  • По препорака на лекар, пред и по оперативни зафати (крајници), како и кај повреди, апсцеси т.е по вадење на заби.

 Предупредете го докторот доколку применувате и други лекови, имате накоја хронична болест, некое пореметување на метаболизмот, преосетливи сте на лекови или сте имале некоја алергиска реакција на некој од нив.

Немојте да го применувате лекот LYSOBACT Spray®:

  • Ако сте преосетливи на лизозим хидрохлорид или цетилпиридин хлорид или на било која друга сосотјка на лекот.
  • Ако сте преосетлив на белка од јајце .
  • Ако вашето дете е помало од 6 години.

Ако нешто од наведеново се однесува на Вас разговарајте со вашиот лекар или фармацевт пред примена на лекот.

 Бидете внимателни со лекот  LYSOBACT Spray®
Овој лек немојте да го применувате подолго од 5 дена.

Болести на слузницата на устат и грлото.

Во случај на други симптоми (покачена телесна температура, гноен исплувок, отежнато голтање), влошување на овие симптоми или доколку недојде до подобрување во рок од 5 дена, посоветувајте се со Вашиот доктор.

Афти
Во случај лезиите да се прошират , нивното траење да продолжи или во случај да се покачи температурата, веднаш посоветувајте се со Вашиот лекар.

 

Примена на други лекови со лекотLYSOBACT Spray®
Имајте во обзир дека овие информации, можат да се однесуваат и на лекови кои веќе на ги употребувате, или лекови кои планирате да ги употребувате во иднина. Известете го својот доктор доколку применувате или неодамна сте применувале некој друг лек, вклучувајќи и лек кој се набавува и без лекарски рецепт.

Ако земате или неодамна сте земале накој друг лек, вклучувајќи и лекови кои се набавуваат без рецепт, известете го Вашиот доктор.

Не земајте истивремено повеќе лекови  кои содржат локален антисептик.

 

Примена на храна и пијалок со лекот  LYSOBACT Spray®
Примена на храна и пијалок не би требало да влијае на ефиикасноста на лекот  LYSOBACT Spray® .

 

Бременост и доење
Пред него што почнете да  применувате некој лек, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт.

Бременост
како мерка на внимателност, не се препорачува примена на лекот во тек на бременост

 

Доење
Со оглед дека нема доволно податоци за излачување во мајчиното млеко, не се препорачува примена на лекот во период на доење.

 

Управување на возила и машини
Лекот нема влијание на способноста за управување со возила и машини.

Лекот применете го према приложеното упатство. Ако мислите дека дејството на лекот е пре јако или преслабо, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт.

 

Начин на примена

  • Се препорачува примена на лекот само за еден пациент.
  • Пред првата примена, потребно е да се извади пластичниот затварач од пумпицата за распрснување,
  • Потоа, апликаторот за спреј распрснувачотсо лесен притисок да се постави  на пумпицата за распсрснување.
  • Апликаторот е старнично подвижен и осисгурува правилна апликација на спрејот во усната шуплина.
  • Апликаторот треба да се сврти према горе, под прав агол во однос на шишенцето.
  • Пред првате апликација на спрејот, пумпицата за распрснување треба да се притисне неколку пати, додека не се постигне воедначено распсрснување.
  • Устата треба јако да се отвори, да се насочи апликаторотпрема заболеното место и да се притисне пумпицата за распрснувањеонолку пати колку што еназначено во дозирање на лекот.
  • За време на распрснувањто треба да се задржи здивот. Да не се голта.
  • По дозирање на лекот, апликаторот треба да се насочи према долу, при што распрснувањето се блокира

 

Дозирање
За поединечна доза, потребно е пет пати да се притисне пумпицата за распрснување, Постапката може да се повтори 3-6 пати дневно, со минимални растојанија, од 2 часа помеѓу дозирањата. LYSOBACT Spray® не е наменет за примена кај деца помали од 6 годишна возраст.

Ако примените повеќе од лекот LYSOBACT Spray® отколку што треба
Ако сте употребиле поголема количина на лекот од препишаната, веднаш обратете се кај својот лекар или фармацевт!

Доколку примените поголема количина на лекот отколку што треба, јавете се кај својот доктор да ви укаже помош доколку е потребна.

 

Ако сте заборавиле да  ја земете препишаната доза на лекот LYSOBACT Spray®
Ако сте заборавиле да земете од препишаната доза на лекот, немојте да земате двојна количина дополнително, туку продолжете со примена на лекот по вообичаениот распоред.

Ако сте заборавиле да земете LYSOBACT Spray®,направете го тоа чим се сетите.Потоа продолжете со примена на лекот по вообичаен распоред и препорачан начин.

Ако престанете да го применувате лекот  LYSOBACT Spray®
Овој лек се применува онолку долго колку што Ви препишал докторот.

Доколку нагло престанете да го применувате овој лек , не се очекуваат никави штетни влијанија на Вашиот организам.

Во случај на било какви прашања или нејаснотии во врска со примена на лекот LYSOBACT Spray® обратете се кај својот доктор или фармацевт.

Како и сите други лекови така и лекот LYSOBACT Spray®може да  предизвика несакани дејства.
Може да дојде до појава на алергиска реакција како што се:

  • Локална реакција на преосетливост.
  • Тешка алергиска реакцијa (анафилактичен шок),ненадејно отекување на лицето и вратот (Квинкеов едем).

Ако приметите било какво несакано дејство кое не е наведено во ова упатство, потребно е да го известите својот доктор или фармацевт.

Лекот LYSOBACT Spray® морате да го чувате вон дофат и поглед на деца.
Чувајте го на температура до  25 °C. Не го замрзнувајте.

Лекот  LYSOBACT Spray® не смее да се употребува после истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето.
Рокот на траење е 24 месеци од датумот на производство назначен на пакувањето.

Што содржи лекот LYSOBACT Spray®
1 ml од лекот  LYSOBACT Spray® содржи лизозим хидрохлорид 20,00 mg и цетилпиридин хлорид 1,50 mg.

При еден притисок на пумпицата за распрснување се ослободува , 0,20 ml раствор кој содржи  4 mg лизозим и 0,3 mg цетилпиридин.

Лекот LYSOBACT Spray®  со арома на анис (20 + 1,5) mg/ml спреј за усна слузница раствор ги  содржи слдниве помошни супстанции: глицерол 85%, пропилен гликол, сахарин натриум , метилпарахидрокси бензоат , арома на анасон, пропилпарахидрокси бензоат , натриум хидроксид, дестилирана вода.

Лекот  LYSOBACT Spray®  со арома на пеперминт(20 + 1,5) mg/ml спреј за усна слузница , во форма на раствор ги содржи следниве помошни супстанции: глицерол 85%, пропилен гликол, метил парахидроксинзоат , сахарин натриум, пропил парахидрокси бензоат, арома на пеперминт , натриум хидроксид, дестилирана вода.

 

Како изгледа лекот  LYSOBACT Spray® негова содржина и паковање
Лекот LYSOBACT Spray® со арома на пепрминт (20 + 1,5) mg/ml спреј за усна слузница, раствор е безбоен раствор со свтеложолт раствор со мирис на пеперминт.

Лекот LYSOBACT Spray® со арома на пепрминт (20 + 1,5) mg/ml спреј за усна слузница, раствор е безбоен раствор со свтеложолт раствор со мирис на пеперминт.

Содржина на пакувањето: 30 ml раствор во шишенце од мат стакло со пумпица за распрснување и апликатор за спреј распрснувачот.

 

Режим на издавање на лекот:
Лекот се издава без лекарски рецепт.

 

Производител:
Bosnalijek, фармацевска и хемиска индустрија, акционерско друштво ,Јукичева 53, Сараево, БИХ.

Производител на готов лек:
Bosnalijek, Фрамацевтска и хемиска индустрија, акционерско друштво, Јукичева 53 , Сараево, БИХ.

Носител на дозволата за ставање налекот во промет:
Bosnalijek, фармацевтска и хемиска индустрија, акционерско друштво, Јукичева 53, Сараево, БИХ.

Број и датум на решение за дозвола за ставање наготов лек во промет:
LYSOBACT Spray®  со арома на анис, 30 ml × (20 + 1,5) mg/ml, спреј за усна слузница, рствор  04-07.9-1981/13 od 04.09.2013.

LYSOBACT Spray® со арома на пеперминт, 30 ml × (20 + 1,5) mg/ml, спреј за усна слузница, раствор 04-07.9-1982/13 od 04.09.2013.

 

Дтум на ревизија на упатсвото:
Март/, 2013.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За дополнителни информации за индикациите,мерките на претпазливост и несаканите дејства на лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.