• bs
  • sq
  • mk
  • sr
  • uk
  • en
  • hr

Lysobact®

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

 

LYSOBACT®
20 mg/10 mg, компримирани лозенги
lizozim/piridoksin

                                                     

Внимателно прочитајте го ова упатсво бидејќи содржи информации кои се важни за Вас!

Овој лек можете да го купите без лакраски рецепт. Потребно е да се придржувате кон ова упатство при што со примената на лекот би се добила најдобри резултати.

Упатството сочувајте го .Можеби ќе поскате повторно да го прочитате. ако имате дополнителни прашања обратете се кај својот доктор или фармацевт.

 

Во ова упатство ќе прочитате:

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian

Лекот се применува за лекување на блага болка во грлото кој не е пратена со покачена телесна температура, афти и ранички во устата кај возрасни и деца постари од 6 години.

Предупредете го докторот доколку применувате и други лекови, доколку имате некој хронична болест , некое пореметување на метаболизмот, доколку сте преосетливи на некои лекови или сте имале алергиска реакција на некој од нив.

 

Лекот LYSOBACT® компримирани лозенги не смеете да ги применувате доколку:

  • Вашето дете е помало од 6 години.
  • Ако сте преосетливи на лизозим хлорид или пиридоксин хлорид или на било која друга сосотојка на лекот.

 

Бдете внимателни со лекот  LYSOBACT® компримирани лозенги
Примена на големи дози на пиридоксин (витамин Б6) во тек на подолг временски период (повеќе месеци, или дури година) може да се појават трнење, пореметувањее на рамнотежа, тресење на раце и стапала, отежната координација на движење, кои обично се повлекуваат по прекин на терапија со лекот.

Овој лек несмеете да го употребувате подолго од 5 дена, со оглед ба тоа дека лекот би можел да доведе до пореметување на рамнотежата на нормалната  микрофлора во усната шуплина, што може да придонесе до ризик од појава на бактериски и гливични инфекции.

 

Болести на слузницта на остата и грлото
Во случај на појава на други симптоми (покачена телесна темперетура, гноен исплувок, отежнато голтање), влошување на овие симптоми или доколку не дојде до подобрување во рок од 5 дена посоветувајте се со Вашиот доктор.

Афти
Во случај лезиите да се прошират , нивното траење да се продолжи  или во случај на покачена телесна температура, веднаш посоветувајте се со својот доктор.

 

Примена на други лекови со лекот  LYSOBACT®  компримирани лозенги
Имајте во обзир дека овие информации можат да се однесуваат и на лекови кои повеќе не ги применувате, како и на лекови кои планирате да ги применувате во иднина.Известете го својот доктор ако применувате, или неодамна сте применувале некој друг лек, вклучувајќи и лек кој се набавува без лекарски рецепт.

Не применувајте неколку лека истовремено

Овој лек содржи лизозизм хлорид и пиридоксин хлорид. Постојат и други лекови со слична содржина. Не ги применувајте устовремено со лекот LYSOBACT®  да не се прекорачи максималната препорачана доза од лекот (да се види во дозирање и начин на примена ).

 

Примена на храна и пијалок со лекот LYSOBACT® компримирани лозенги
Примена на храна и пијалок не би требало да влијае на ефикасноста на лекот LYSOBACT®компримирани лозенги.

 

Бременост и доење
Пред да почнете со употреба на лекот , посоветувајте се со лекар или фармацевт.

 

Бременост
 Како мерка на внимателност , се препорачува овој лек да не се применува во тек на бременост .

 

Доење
Со оглед дека нема доволно податоци за излачување на лизозимот во мајчиното млеко, нити пак на пиридоксинот, лекот треба да се избегнува за време на доење.

Управување со возила и машини
LYSOBACT®компримираните лозенги не влијаат на способноста на управување со возило или ракување со машини.

Останати предупредувања
Лекот LYSOBACT®  компримираните лозенги содржат лактоза.  Во случај на нетолеранција на некој шеќер, обратете се кај вашиот доктор пред примена на лекот.

Лекот применувајте го према приложеното упатство. Ако мислите дека дејството на лекот е прејако или преслабо, посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Дозирање:
Овој лек е наменет за возрасни и деца постари од 6 години. Вообичаената доза е од 6 до 8 компримирани лозенги во текот на денот.

 

Начин на примена :
Лекот се применува орлано (во уста).Компримираните лозенги треба да ги оставите полека да се истопат под јазикот.

 

Честота на примена:
Помеѓу секое земање на лекот мора да постои рстојание од најмалку 1 час.

Траење на лекувањето:
Лекувањето трае 5 дена. Ако не дојде до подобрување на состојбата после 5 дена од отпочнување натерапијата со лекот, посоветувајте се со својот доктор.

Ако примените повеќе отколку што треба од лекот  LYSOBACT® компримирани лозенги
Ако сте примениле поголема количина од препишаната, веднаш обратете се кај својот лекар или фармацевт!

Со примена на големи количини на лекот во текот на подолг временски период  (повеќе месеци, или дури и година) можна е појава на периферни неуро патии (трнење, тресење на раце и стопала, мускулна слабост) која обично се повлекува по престанок на примење на лекот.

Во случај на предозирање веднаш јавете се кај својот лекар, како би можел да Ви пружи помош.

 

Ако сте заборавиле да го примените лакот LYSOBACT® компримирани лозенги
Ако сте заборавиле да го примените лекот, не применувајте двојна доза од лекот дополнително, туку продолжете со употреба на лекот по вообичаен распоред. Ако сте заборавиле да земете   LYSOBACT®компримирани лозенги, направете го тоа, штом се сетите. Потоа продолжете со примена на лекот LYSOBACT® компримирани лозенги према вообичаениот распоред и на препорачаниот начин.

 

Ако престанете да го употребувате лекот LYSOBACT® компримирани лозенги


Овој лек применувајте го онолку колку што Ви препишал Вашиот лекар. Наглиот прекин на примена на овој лекна би требало штетено да влијае на Вашиот организам.

Како и сите други леков така и лекот LYSOBACT® компримирани лозенги може да предизвика несакани дејства.
Може да дојде до алергиски реакции како што се:

  • Кожен осип, сврабеж, осетливост на кожата на сончева светлина(фотосензитивност).
  • Тешка алергиска реакција (анафилактичен шок), ненадејно отекување налицето и вратот (Квинкеов едем).

Ако било кое од наведениве нескакани дејстав стане озбилно, или приметите несакано дејство кое не е наведено во упатството, Ве молиме да ги известите вашиот доктор.

Лекот  LYSOBACT® компримирани лозенги морате да го чувате вон дофат и поглед на деца.

Чувајте го на темперетура до 30 °C.

Рок на траење: 5 години.

Што содржи лекот LYSOBACT® компримирани лозенги
Една LYSOBACT® компримирана лозенга содржи: лизозим хлорид 20 mg и пиридоксин хлорид (витамин B6) 10 mg.

LYSOBACT® компримирани лозенги ги содржат следните помошни супстанции:лактоза, трагакант, сахарин натриум, магнезија стеарат, ванилин.

 

Како изгледа содржината на  лекот LYSOBACT® компримирани лозенги и како изгледа неговото пакување
LYSOBACT® компримирани лозенги се со бела или скоро бела боја, со мазни и неоштетени рабови, со округол облик, со втисната црта која ги дели на два еднакви дела од едната страна, и рамна мазна површина од другата страна, со дијаметар од 8 мм.

LYSOBACT® копримирани лозенги се пакувани во кутија со содржина од 10 компримирани лозенги се пакувани во кутија со содржина од 10 компримирани лозенги (1 блистер со 10 лозенги) и во кутија со содржина од 30 компримирани лозенги (3 блистери со по 10 лозенги).

Носител на дозвола за ставање на готов лек во промет:
Bosnalijek d.d., Сараево , Јукичева 53, Босна и Херцеговина.

 

Производител
Bosnalijek d.d.,  Сараево , Јукичева 53, Босна и Херцеговина

 

Режим на издавање на лекот

Лекот се издава без рецепт.

 

Број и датум на решение за дозвола за ставање на готовиот лек во промет:
LYSOBACT® 10компримирани лозенги : 04-07.2-2797/12 od 09.11.2012.
LYSOBACT® 30 компримирани лозенги: 04-07.2-2862/12 od 09.11.2012.

 

Датум на издавање на упатството:

Март 2014

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За дополнителни информации за индикациите,мерките на претпазливост и несаканите дејства на лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.