Кога зборуваме за болката во грлото, се мисли на воспаление на грлото/ хранопроводникот (faringitis) , и/или воспаление на крајниците (tonzilitis) и / или воспаление на гркланот и гласните жици (laringitis).
Фаринксот (хранопроводникот) е дел од грлото помеѓу крајниците и гласните жици (гркланот). Ги штити долните дишни патишта, го спроведува воздухот од носот и усната шуплина во дплните делови на респираторниот систем, учествува во процесот на голтање и овозможува артикулиран говор. Поради неговата постојана изложеност на надворешни фактори, има многу развиено лимфното ткиво, кое претставува “прва линија на одбрана” во случај на навлегување на микроорганизми од околината.
Фарингитисот е обично полесно заболување отколку тонзилитисот, и двете заболувања често се нарекуваат едноставно “акутни болки во грлото.” Но, фарингитисот може да се појави и без инфекција – може да биде предизвикано од физички или хемиски стимуланси, на пр. чад од цигари, алкохол или прекумерна употреба на гласот. Трајна инфекција или хроничен фарингитис се случува кога хроничната инфекција на соседните органи – обично на респираторниот систем, синусите и устата – се проширува на хранопроводникот.
Воспалението на грлото е една од најчестите причини за посета на докторот во зима, но, исто така, се јавува и во текот на летото. Се јавува кај двата пола и сите возрасти. Воспалението на грлото ги напаѓа 15-20% од возрасните најмалку еднаш годишно. Кај децата се јавува многу почесто. Кај децата од предучилишна возраст причината за воспалението на хранопроводникот е почесто од вирусни потекло, и инфекциите предизвикани од бактерии се почести кај возрасните.
Како главно се предизвикани од вируси, воспалението на грлото и болките во грлото најчесто се јавуваат во делот на акутно вирусно воспаление на горните респираторни патишта, проследено со затнатост или течење од носот, кивање, кашлање и слично.
Главните локални симптоми се, освен болките во грлото, пецкање, гребење, жарење, болно и / или отежнато голтање, сува кашлица, чувство на сувост во устата и грлото, зголемени крајници и засипнатост, во случај на ширење на воспалението во гркланот. Често се пропратени со општи симптоми, како што се губење на апетит, општа слабост и покачена температура.
Вирусните и бактериските инфекции се шират на ист начин, и тоа: кивање / кашлање, близок контакт, ракување, користење на заеднички предмети со заразено лице, преку контакт со плунка на заболениот и др.
Повеќето луѓе со болки во грлото не се јавуваат на доктор, а на располагање постојат разни лекови без рецепт и препарати за самолекување.
Lysobact® ориблети, Lysobact Spray® и Lysobact Complete Spray® дејствуваат против причинителите на воспалението (бактерии, вируси и габи), ги ублажуваат симптомите, го смируваат воспалителниот процес и помагаат во зараснувањето на оштетувањата на слузницата на устата и грлото. Lysobact® ја штити слузницата на устата и грлото и го зајакнува локалната имунолошкиот одговор.
Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian