Воспаление на ткивото околу забите (gingivitis)

Гингивитис е воспаление на гингивите,најчесто предизвикано од лошата хигиена во усната шуплина. Две третини од популацијата измеѓу 16 и 36 години патат од оваа болест во поголема или помала мера. Честотатата расте кај особи во средна или стара возрасна граница, така што поблагиот облик на гингивит е присутен кај околу 9 до 10 % од возрасните особи. Губитокот на забот кај возрасните е почесто предизвикан од оваа состојба отколку од кариес.

Здравите гингиви се со светло – црвена боја и се цврсти. Кај гингивит се со темноцрвена боја, меки се и сјајни , при миење на забите лесно крварат. Оваа болест често е предизвикана од таложење на забен плак на местата каде гингивите се спојуваат со основата на забот.

Гингивитот може да се појави нагло, обично кај помлади ососби. Понекогаш се развива во хроничен облик, а предизвикан е од претерано размножување на бактериите во усната шуплина. Почесто се јавува кај особи кои се под стрес или се исцрпени. Многу е важно на време да се воочат промените и да се започне со лекување,за да не дојде до влошување и напреднување во парадонтопатија, која подоцна доведува и до губење на забите. Кај запуштените случаеви може да се развие апцес длабоко во парадонталните џебови(локаризирана гнојна колекција во парадонталните џебови) која прогредира кон коската.

Кај гингивитот во џеповите помеѓу натечените гингиви и основата на збот се создава наслага плак, и тврда материја таканаречена каменец. Плакот има непријатен вкус и доведува до непријатен мирис од устата. Плакот содржи бактерии кои со тек на време продираат во коската кој го опкружува забот каде што е прицврстен, и забот почнува да се клати. Со удар со инструмент по таквиот заб, се слуша тап звук, а не јасен и остар како кај цврсто всадените заби во алвеола.

Џеповите помеѓу гингивите и забите постепено се продлабочуваат и се открива цементот на забот(осетливо ткиво кое го покрива коренот на забот). Допир со жешка , или ладна или многу слатка храна предизвикува болка.

За разлика од парадонтопатијата гингивитот може да се излекувa. Лекувањето на гингивитот и одржувањето на добра орална хигиена, може да доведе до целосна регенерација на слузницата. Осен чистење на забите потребно е и чистење на меѓузабните простори, јазикот, протезите и просторот под нив. Не смее да се изостатават редовните прегледи кај стоматолог.

Треба да се применува здрав начин на исхрана, доволно физичка активност, да се избегнува пушење цигари, да се живее поздрав начин на живот и помалку стресен..

За лекување на воспалени гингиви се препорачува да се користат производитеLysobact® (Lysobact® компримирани лозенги, Lysobact Spray®или Lysobact Complete Spray®).  Активните компоненти на производот Lysobact® дејствуваат против причинителотна воспалението (антибактериски, антивирусно, и антимикотично), ги ублажуваат смптомите, го смируваат воспалителниот процес поамгаат во зараснувањена оштетената слузница на устата и грлото. Lysobact® ја штити слузницата на устата и грлоти и го зјакнува локалниот имун одговор. Производите Lysobact Spray® и Lysobact Complete Spray®не содржат алкохол.

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian Croatian