Lysobact®

mk-001-Lysobact

Lysobact® компримирани ориблети содржат две активни компоненти во една формула: лизозим и витамин B6. Една Lysobact® компримирана ориблета содржи 20 mg лизозим хлорид и 10 mg  пиридоксин хлорид (витамин B6).

Лизозимот е единствена супстанција од природно потекло, која е важен фактор на природниот имунитет и со своето повеќекратно корисно терапевтско дејство помага во заштитата и заздравувањето на слузницата на устата и грлото.

Активните компоненти на лекот Lysobact®:

  • дејствуваат против причинителите на воспалението  (бактерии, вируси и габи),
  • го смируваат воспалителниот процес,
  • го помагаат зараснувањето на раните и оштетувањата на слузницата на усната шуплина,
  • ја штитат слузницата на усната шуплина и грлото,
  • го зајакнуваат локалниот имунолошки одговор,
  • имаат благо аналгетско дејство.

Lysobact® е одличен за лечење на:

  • блага болка на грлото која не е пропратена со зголемена телесна температура,
  • афти,
  • ранички во устата.

За разлика од другите производи на пазарот кои се пропоручуваат за воглавно симптоматска терапија на вирусни инфекции, Lysobact® може да се дава во комбинација со антибиотици, што го подобрува  нивниот антибактериски ефект и овозможува смалување на дозата на антимикробикот, а може да се употреби и во случај на слаба подносливост на останатите антимиробици.

Се употребува кај возрасни лица и деца постари од 6 години.

This post is also available in: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian

  • Lysobact®  делува на причинителите на воспалението во устата и грлото, го ублажува воспалението и неговите симптоми, го забрзува оздравувањето и може да спречи развој на потешки инфекции и воспаленија.
  •  Заради природните сосотојки, Lysobact®  е еден од најсигурните лекови во својата група.
  • Само  Lysobact®  производите содржат лизозим , природна супстанција која покажува осум корисни дејства на слузницата на устата и грлото!
  • Lysobact® е еден од најчесто користените производи во локалната терапија кај болки во грлото и сите помали инфекции на слузницата на устата . До денес Lysobact®  е употребуван кај повеќе од 50 милиони пациенти ширум светот.
  • Нема посериозни контраиндикации за примена на лекот Lysobact®
  •  Примена на храна и пијалок не влијае на  Lysobact®  компримираните лозенги.
  • Лекот се издава без лекарски рецепт.

Овој лек е наменент за возрасни и деца постари од 6 години. Вообичаената доза е 6 до 8 компримирани лозенги во текот на денот. Лекот се применува орално.

Компримираните лозенги треба да се остават полека да се истопат под јазикот. Помеѓу секое земање мора да постои растојание од најмалку 1 час. Лекувањето трае 5 дена.Доколку не додјде до подобрување на сосотојбата 5 дена по отпочнување со лекување, потребно е да се побара совет од лекар.