Lysobact Spray®

mk-002-Lysobact-Spray

Lysobact Spray®  содржи нова единствена подобрена основна формулација на лекот Lysobact®. Lysobact Spray® содржи две активни компоненти во една формулација: лизозим и антисептик цетил пиридин хлорид.
1 ml од лекот  Lysobact Spray® содржи 20 mg лизозим хлорид и 1,5 mg цетилпиридин хлорид.

Лизозим е единствената супстанција од природно потекло, која е и значаен фактор на природниот имунитет, со своето повеќекратно корисно тераписко дејство помага во заштита и оздравување на слузницата на устата и грлото. Цетилпиридин е орален антисептик со широк антимикробен спектар на дејство против многубројни микроорганизми, влкучувајќи и вируси и габи. Лизозим и цетилпиридин покажуваат заедничко и синергистичко антимикробно дејство. Ефикасноста и сигурноста на двете активни компоненти во лекот е докажана во многубројни контролирани клинички и претклинички студии.

 

Активните компоненти на лекот Lysobact Spray®:

  • дејствуваат против причинителите на воспалението (бактерии, вируси , габи),
  • го смируваат воспалителниот процес,
  • помагаат во зараснување на рани и оштетувања на слузницата на усната шуплина,
  • ја штитат слузницата на усната шуплина и грлото,
  • го зајакнуваат локалниот имун одговор
  • доведуваат до благо аналгетско дејство.

Lysobact Spray®  е одличен тераписки избор за лекување на акутни воспалителни состојби на слузницата на устата и грлото.

Lysobact Spray® се применува кај:

  • болка во грлото и болки при голтање,
  • воспаление на крајници,
  • воспаление на голтник,
  • воспаление на гингиви (gingivitis)
  • воспаление на слузницата на устата (stomatitis)
  • мали ранички на слузницата на устата (afti)
  • пред и по оперативни зфатаи (крајници, грло)
  • кај повреди
  • кај апсцеси
  • по вадење на заби

Lysobact Spray® претставува практичен и современ фармацевстки  облик на спреј со нова, единствена и подобрена формулација која содржи две  активни кмпоненти во еден лек

Lysobact Spray®  нуди избор помеѓу две единствени ароми:

  • освежувачки вкус  на пеперминт (го освежува здивот кој е чест пратечки симптом кај воспалителителните процеси во устата и грлото)
  • пријатен, и благотворен вкус на анис (делува смирувачки на слузницата на грлото и устата, т.е го ублажува чувството на иритација и кашлање).

 

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English

  • Lysobact Spray® посилно дејствува на причинителите на воспаление на устата и грлото, го ублажува воспалението и нејзините симптоми, го забрзува заздравувањето и може да спречи потешки инфекции и воспаленија.
  • Единствениот состав на лекот Lysobact Spray® овозможува зголемено  антимикробно дејство против бактерии, вируси и габи.
  • Lysobact Spray® покажува девет корисни дејствувања на слузницата на устата и грлото!
  • Практична и современа форма на спрејот  прилагоден за потребите на активен начин на живот на луѓето кои се грижат за своето здравје.
  • Lysobact Spray® е опремен со апликатор кој овозможува едноставна, лесна, брза и прецизна употреба на лекот.
  • Изберете Lysobact Spray® во една од двете ароми: ментол или анасон.
  • Lysobact Spray® не содржи алкохол.
  • Употребата на храна и пијалак не влијае на ефикасноста на лекот Lysobact Spray®
  • Лекот се издава без лекраски рецепт.

За единечна доза, потребно е пет пати да се изврши притисок на пумпата за распрскување. Постапката може да се повтори 3-6 пати на ден, со минимална разлика од 2 часа помеѓу дозите. При еден притисок на пумпа за распрскање се ослободува 0,20 мл раствор кој содржи 4 mg на лизозим и 0,3 mg на цетилпиридин.

Начин на употреба:

  • Се препорачува употреба на лекот само за еден пациент.
  • Пред првата употреба, потрбно е да се симне пластичниот затворач од пумицата за распрскување.
  • После тоа, апликаторот за спреј распрскувачот со лесно притискање се поставува на пумпицата за распрскување.
  • Апликаторот е странично подвижен и осигурува правилна апликација на спрејот во усната шуплина.
  • Апликаторот теба да се сврти према горе, под прав агол во однос на шишето.
  • Пред првата апликација на спрејот, пумпичката за распрснување треба прво да се притисне неколку пати, додека не се постигне изедначено распрснување.
  •  Устата треба силно да се отвори, да се насочи апликаторот према заболеното ,место и да се притисне пумпицата за распрснување онолку пати колку што е назначено за дозирање на лекот.
  • За време на распрснувањето треба да се задржи здивот. Не голтајте.
  • После дозирањето на лекот, апликаторот треба да се сврти према доле, при што распснувањето се блокира.

Lysobact Spray®  не е наменет за употреба кај деца помлади од 6 години.