Stomatitis aphtosa (aphthae) или афти се ранички во устата, кои имаат тенденција за често и повторно појавување во различни временски интервали. Причината за афтите е непозната, но за нивното појавуавање има голем број на фактори: физички или емотивен стрес, недостаток на витамини и минерали во исхраната, нарушен имунитет, алергиски состојби, метаболички и хормоналните нарушувања, анемија, болести на желудникот и цревата, и некои лекови.Се истакнуваат наследните фактори, бидејќи половина од пациентите има во семејството член кој боледува од афти.
Најчесто се појавуваат на подвижните делови на слузницата на устата, на јазикот, на слузницата на образите или усните, никогаш на тврдотом и мекото непце. Афтите се почести кај децата, девојките и младите жени отколку кај постарите пациенти.
Може да се појават во три форми, како:
- мали афти (помали од 1 см и многу болни)
- големи афти (поголеми од 1 cm, а не се болни)
- афти како херпес таканаречени херпетиформни афти (многубројни мали болни ранички)
Ден или два пред избивањето на афтите на слузницата може да се појави пецкање и / или зарипнатост. Пред појавувањето на раничките, слузницата на тие места е црвена и отечена. Раничките се со округла или елипсовидна форма, ограничени со јасно изразен црвен прстен. Дното на раничката е белузлаво. Афтозните оштетувања на слузницата се многу болни, а болката се зголемува при зборење, јадење и сите мускулни движење.
Карактеристика на афтите е да се појавуваат често, и до неколку пати во годината. Тоа е пропратено со зголемено лачење на плунка, со отекување на лимфните јазли, зголемување на температурата и треска.
Во лечењето важно е да се санира се што може да доведе до иритација на слузницата, како што се расипани заби, остри ивици на заби и др., со примена на благи антисептички препарати.
Употребувајте производи Lysobact® (Lysobact® ориблети, Lysobact Spray ® или Lysobact Complete Spray ®). Активните компоненти на производот Lysobact® дејствуваат против причинителите на воспалението (бактерии, вируси и габи), ублажување на симптомите, смируваат воспалитекен процес и помагаат за зараснување на оштетувањата на слузницата на устата и грлото. Lysobact® ја заштитува слузницата на устата и грлото и го зајакнува локалниот имунолошки одговор. ПроизводитеLysobact Spray® и Lysobact Complete Spray® не содржат алкохол.
Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian