УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ
LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
(20 + 1,5 + 0,5) mg/ml
спреј за усна слузница, раствор
лизозим/цетилпиридин/лидокаин
Пред употреба внимателно прочитајте го ова упатсво! Овој лек можете да го купите без лекарски рецепт. Потребно е да се придржувате на ова упатство, на тој начин со примена на лекот ќе ги добиете сканите резултати. Зачувајте го упатството. Можда ќе сакате повторно да го прочитате. Ако имате додатни прашања обратете се кај лекар или фармацевт.
Во ова упатсво можете да прочитате:
Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English
Лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® се применува за :
- Локално лечење на воспалителни состојби на усната шуплина и грлото како гингивит (восаление на гингивите ), стоматит (во спаление на слузницата на устата), афти (мали ранички на слузницата на устата ).
- Помошно локално лекување кај болно, надразнето и воспалено грло.
- По препорака на доктор, пред и по оперативни зафати на крајници, како и кај повреди, апсцеси, по вадење заби.
Напоменете му на докторот ако применувате и други лекови, ако имате некоја хронична болест, некое пореметување на метаболизмот, преосетливи сте на лекови или сте имале алергиска реакција на некои од нив.
Немојте да го применувате LYSOBACT COMPLETE SPRAY®:
- Ако сте преосетливи на лизозим хидрохлорид, цетилпиридин хлоридce, лидокаин хидрохлорид и други анестетици од амиден тип или било која друга состојка на лекот.
- Ако сте преосетливи на белка од јајце.
- Ако вашето дете е помало од 6 години.
Aко било што од наведеното се однесува на Вас разговарајте со вашиот доктор или фармацевт пред употреба на овој лек.
Бидете внимателни со лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
Применувајте го лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® само тогаш кога е неопходно за да ја отстраните болката или надрзнетоста во грлото.
Лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® не е наменет за долготрајна , повторувачка и континуирана употреба.
Овој лек не се применува подолго од 5 дена.
Доколку дојде до подобрување во рок од 5 дена или во случај на појава на други симптоми (силно воспаление во грлото, мачнина , повраќање ) или покачена телесна температура, посоветувајте се со вашиот лекар.
Ако некогаш сте имале алергиска реакција, избегнувајте употеба на лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®.
Ако вие или некој од вашите роднини има порфирија (ретко заболување на крвниот пигмент) лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® применувајте го само во случај на витални и хитни состојби со посебна нимателност.
Ако имате потешкотии со голтање, не смеете да го применувате овој лек и треба прво да се посоветувате со својот лекар.
За време на примената морате да бидете внимателни да не дојде растворот во контакт со очите. Во случај да дојде во контакт со очите , треба со чиста вода да се ислакнат очите, а очните капаци да се држат отворени во време од 15 минути.
Примена на други лекови во комбинација со LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
Имајте во обзир дека овие информации можат да се однесуваат на лекови кои повеќе не ги употребувате, како и на лекови кои планирате да ги употребувате во иднина. Известете го својот доктор доколку применувате, или неодамна сте применувале, некој друг лек, вклучувајќи и лек кој сте го набавиле без лекарски рецепт
Обратете се за совет кај својот лекар или фармацевт, ако применувате било кој од следниве лекови:
- Бета блокатори или други лекови за срце(на пр. propranolol, meksiletin);
- Лекови за чир на желудник (на пр. cimetidin);
- Диуретици, кои помагааат со помош на мокрача да се отстаранат вишок на течности од вашиот организам;
- Лекови за епилепсија (на пр . fenitoin или некој barbiturat).
Во текот на употебата на LYSOBACT COMPLETE SPRAY® не смеете истовремено да применувате и други локални антисептици, со цел дезинфекција на устата или грлото.
Примена на храна и пијлок со лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
Еден час по употребата на лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® не конзумирајте храна или пијалок, бидејќи може да дојде до отежнато голтање и опасност од аспирација ( влез на харна во плуќата), поради присуството на анестетик во овој лек. Истотатка се советува да се избегнува миење на заби и корситење на гума за џвакање, доддека подрчјето на устата и грлото е анестетзирано.
Бременост и доење
Пред да почнете со употреба ва некој лек , пососветувајте се со својот доктор или фармацевт.
Бременост
Како мерка на претпазливост, не се препорачува во тек на бременост.
Доење
Не се препорачува примена на лекот во период на доење.
Управување со возила и машини
Не се познати значајни ефекти на лекот врз способноста за управување со возила и машини.
Останати предупредувања
LYSOBACT COMPLETE SPRAY® соджи глицерол (85%),кој може да предизвика главоболка, мачнина во желудникот и дијареја.
LYSOBACT COMPLETE SPRAY® содржи пропиленгликол, кој може да предизвика симптоми слични како при конзумирање алкохол.
Лекот се применува према приложеното упатство.
Ако мислите дека дејството е прејако или преслабо, посоветувајте се со лекар или фармацевт.
Начин на примена
Се препорачува да се употребува само за еден пациент.
- Пред првтата примена, потребно е да се извади пластичниот затворач од пумпицата за распрснување.
- Потоа, апликаторот за спреј распрснувачот, со благ притисок поставете го на на пумпицата за распрснување.
- Апликаторот е странично подвижен и осигурува правилна апликација на спрејот во усната шуплина.
- Апликаторот треба да се насочи нагоре, под прав агол во однос на шишнцето.
- Пред првата апликација на спрејот, пумпицата за распрснување треба прво да се притисне неколку пати, се додека на се постигне воедначено распрснување.
- Треба повторно да је отворите устата, да се насочи апликаторот во насока на заболеното место и да се притисне пумпуцата за распрснување онолку пати колку што е назначено во дозирање на лекот.
- За време на распрснувањето треба да го задржите здивот и да не голтате.
- По примената на лекот, апликаторот се врти надолу, при што распрснувањето се блокира.
Дозирање
За поединечна доза, потребно епет пати да се притисне пумпицата за распрснување. Постапката може да се повтори 3 до 6 пати дневно, со минимално растојание од 2 часа помеѓу дозирање.
Со еден притисок на пумпицата за рспрснување се ослободува, 0,20 ml раствор кој содржи 4 mg лизозим, 0,3 mg цетилпиридин и 0,1 mg лидокаин хидрхлорид.
LYSOBACT COMPLETE SPRAY® не се препорачува кај деца помали од 6 години.
LYSOBACT COMPLETE SPRAY® не содржи шеќер и погоден е за употреба кај дијабетичари.
Ако земете поголема количина од лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® отколку што треба
Ако сте примениле поголем аколичина на лекот од препишаната, веднаш обратете се кај својот доктор или фармацевт!
Ако сте примениле повеќе од лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® отколку што треба или случајно сте проголтале течност директно од шишето, веднаш јавете се кај својот доктор. Однесете го со себе паковањето од лекот, за да можете да му покажете кој лек сте ги проголтале.
Ако сте заборавиле да го примените лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
Ако сте заборавиле да ја земете препорачаната доза од лекот, не применувајте двојна количина дополнително, туку продолжете со примена на лекот по вообичаениот распоред.
Ако сте заборавиле да го примените LYSOBACT COMPLETE SPRAY®, направете го тоа штом се сетите. Потоа продолжете со примена на лекот по вообичаениот распоред и препорачан начин.
Ако престанете да го применувате лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
Овој лек треба да се применува онолку долго колку што Ви препорачал вашиот доктор.
Доколку нагло престанете да го применвате лекот, не се очекуваат никави штетни влијанија на вашиот организам. Во случај на било какви нејаснотии или прашања во врска со примена на лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® o обратете се кај својот доктор или фармацевт.
Како и сите други лекови така и лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® може да предизвика несакани дејства.
- Честотата не е позната( честотата на несаканите дејства неможе да се процени од достапните податоци)
Ретко се јавуваат алергиски реакции, како анафилактичен шок, изненадно отекување на лицето и вратот (Квинкеов едем), т.е. локални реакции на преосетливост. Во екстремно ретки случаеви реакции на преосетливост на лидокаин хидрихлорид, по локална инјекција се јавуваат во вид на локализиран оток со благи потекотии во дишењето, или како генерализиран осип. - Пореметување во дигестивниот сиситем се јавиваат ретко и се поврзани во главно со примена на поголеми дози од препорачаните.
Лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® морате да го чувате надвор од дофат на деца.
Да се чува на температура до 25 °C. Да не чува во фржидер.
Рок на траење: 24 месеци.
Лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® несмее да се користи после истекот на рокот на употреба наведен на опаковката.
Што содржи лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY®
1 ml од лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® содржи лизозим хидрохлорид 20,00 mg (што одговара минимално на 720 000 FIP единици ),цетилпиридин хлорид и 1,50 mg и лидокаин хидрохлорид 0,50 mg.
При еден притисок со пумпицата за распрснување се ослободува 0,20 ml раствор кој содржи 4 mg лизозим, 0,3 mg цетилпиридин и 0,1 mg лидокаин. Лекот LYSOBACT COMPLETE SPRAY® ги содржи следниве помошни супстанции:глицерол 85%, пропиленгликол, метил парахидроксибензоат, пропил парахидроксибензоат, арома на пеперминт, натриум хидрксид и дестилирана вода.
Kaков е изгледот на LYSOBACT COMPLETE SPRAY® неговата содржина и паокување
LYSOBACT COMPLETE SPRAY®е безбоен светло жолт раствор со мирисна пеперминт.
Содржината на паковањето е : 30 ml раствор во шише од мат стакло со пумпица за распрснување и апликатор за спреј распрснувач.
Режим на издавање на лекот
Лекот се издава без рецепт.
Производител ( административно седиште )
Bosnalijek, Фрамацевска и хемиска индустрија, акционерско друштво , Јукичева 53 Сараево, БиХ .
Производител на готовиот лек (место на пуштање на лекот во промет)
Bosnalijek, Фармацевска и хемиска индустрија , акционерско друштво , Јукичева 53, Сараево , БиХ.
Носител за дозвола за ставање на готовиот лек во промет
Bosnalijek , Фармацевска и хемиска индустрија, Акционерско друштво , Јукичева 53, Сараево, БиХ.
Број и датум на решение за дозвола за ставање на готовиот лек во промет
LYSOBACT COMPLETE SPRAY® спреј за усна слузница , раствор , (20 + 1,5 + 0,5) mg/ml, 30 ml: 04.07.9-5725/13 od 04.07.2014.
Датум на последна ревизија на текстот на упатствотоDatum
Ноември 2014.