ЛИЗОЗИМ – откритие на нобеловецот

Славниот шкотски научник Alexander Fleming  во 1945 година добил Нобелова награда, заедно со Sir Howard W. Floreyem i Ernst B. Chain – за откритието на пеницилинот и неговото „лековито дејство на разни инфективни болести“.

Меѓутоа, пред откритието на пеницилинот (1928.),  Fleming во 1922. година го открил лизозмот! Како и сите големи светски откритија кои го ги промениле мислењата во светот, така и овие две откритија на  Fleming се случиле сосема случајно!

Во текот на Ноември 1921 година, Fleming имал силна настинка и додека работел со веќе спремни култури на бактерии, кивнал силно и капка секрет од носот случајно паднала на Петриевата посуда. Неколку дена покасно при спремање на неговите епрувети и Петриевите шољи за култивирање на микроорганизми, приметил нешто невообичаено – една од Петриевите шољи била прекриена со златно жолти колиниина бактерии, меѓутоа на местото каде две недели преходно случајно му паднала капка слуз од неговиот нос, воопшто немало бактерии! Како да биле потполно избршани!

Продолжил со своите истражувања и докажал дека и други телесни течности содржат супстанца која брзо раствора одредени бактерии. Таа супстанца ја нарекол ЛИЗОЗИМ што е кованица од зборот “lysis“ – растворање и зборот “enzim“ –  протеин кој катализира хемиски реакции. ЛИЗОЗИМ е ензимаски протеин граден од 129 аминокиселини.

Fleming  претпоставувал дека ЛИЗИЗИМОТ потенцијално може да уништува некои бактериски клетки, а да не има штети на чвечките клетки. Поради ова Fleming сакал да го открие значањето на оваа супстанца истражувајќи ги нејзините својства. Деталите од своето истражување ги опшал во статија објевена во 1922 година.

Не му успеало да ги убеди своите колеги во  значењето на ова откритие, кои го сметале за интересно но не и за значајно – така покасно се однесувале и према неговите извештаи за откритието на пеницилинот. Fleming претпоставувал дека за овој ензим во иднина ќе се слуша многу повеќе.Тој велел: „Еден ден ќе чуеме многу повеќе за лизозимот”. До својата смрт во  1955 година, упорно тврдел дека „откритието на лизозимот ќе побуди поголем интерес од одткритието на пеницилинот.”

Денес механизмот на антибактериското дејство на лизозимот е детално запознаен. ЛИЗОЗИМОТ  станал средиште на интерес на многу научници, така што во националната медицнска библиотека во САД има 27.633 статии во кои се спомнува ЛИЗОЗИМОТ, а во 6.591 статија се спомнува поимот активност на ЛИЗОЗИМОТ.

Во овие научни трудови утврдени се и докажани разни дејства т.е бројни корисни фармаколошки ефекти на ЛИЗОЗИМОТ. Скоро секое од основните дејства на ЛИЗОЗИМОТ може да се појави независно едно од друго, но меѓусебно се надодполнуваат.

ЛИЗОЗИМ уште го нарекуваат и „антибиотик на телото“, а неговата вкупна улога во организмот го оправдува називотa – „ензим на иднината“.

 

Reference:

  • Jollès, P. (1996) From the discovery of lysozyme to the characterization of several lysozyme Experientia Suppl. 75, 3-5
  • Fleming, A. (1922) “On a remarkable bacteriolytic element found in tissues and secretions” , Proceedings of the Royal Society B, 93 (653): 306–317                                                                             
  • National Library of Scotland 2009, http://digital.nls.uk/scientists/biographies/alexander-fleming/discoveries.html
  • PubMed – US National Library of Medicine; National Institute of Health; ncbi.nlm.nih.gov./pubmed

This post is also available in: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English