Терапевтското влијание на лизозимот во состав на Lysobact® врз патолошките сосотојби на слузницата на усната шуплина, како што се фарингит (воспаление на грлото), тонзилит (воспаление на крајниците), стоматит (воспаление на слузницата на усната шуплина), гингивит(воспаление на гингивите), состојби по вадење на крајници …,е испитано во бројни клинички студии со основна цел да се провери неговото антивоспалително и антимикробно дејство. Клиничките истражувања се спроведени во повеќе земји.
– Topić B., Čokorilo N., Arifhodžić F.: “ Клиничка евалуација на препаратот Lyso-6®* во третман на афтозен стоматит “
На клиниката за болести на уста на Стоматолошкиот факултет во Сараево, во двојно слепо, плацебо контролирано клиничко испитување докажана е ефиксноста и сигурноста на долготрајната примена на Lysobact®ориблетите кај пациенти со дијагноза stomatitis aphtosa recurrens.
Резултатите од испитувањето кое вклучувало 60 пациенти во траење од 8 дена се следни:
- воспалението е излекувано пет дена по отпочнување со терапија;
- болката изчезнува до петтиот ден од отпочнување со терапија, што е значајно побрзо во однос на контролната плацебо група;
- зараснувањето на афтозното оштетување на слузницата е скоро потполно на петтиот ден, додека кај контролните плацебо- групи е сеуште присутна во 40% од својата првобитна големина;
- занците и симптомите предизвикани со реактивно воспаление на лимфните јазли е значително поблаги кај пациенти лекувани со Lysobact® ориблети во одос на плацебо -групата
- Lysobact® ефикасно ја намалува болката и воспалението, го забрзува зараснувањетоe на слузницата на местото на оштетување и ги олеснува симптомите на воспаление на регионалните лимфни јазли;
- подносливоста на лекот била извонредна и не се забележани било какви токсични или алергиски појави
* предходно заштитен назив за Lysobact®
– Kapidžić A. i sar.: „ Отворено мултицентрично клиничко испитување на ефиксноста и сигурноста на примена на лекот Lysobact во лекување и превенција на постоперативни компликации по тонзилектомија“
На клиниката за ОРЛ КЦУ во Сарево, во отворено, паралелно, контролирано мултицентрично испитување, кое вклучувало 160 пациенти на возраст од 16 до 40 години, испитувана е ефикасноста на лекот Lysobact® во споредба со стандарда терапија( аналгетици и антибиотици).
Резултатите од испитувањенто за Lysobact® покажале:
- значајна разлика во формирање на фибрински наслаги(привремена бела покривка неопходна за полесно зараснување на оштетувањето)
- поголемо смалување на чувството на болка
- побрзо зараснување на постоперативни рани, почнувајќи од вториот постоперативен ден
- помала потреба за аналгетска терапија кај пациенти лечени со лекот Lysobact®
– Bašić-Đulizarević D., Bajraktarević A., Obradović E: „Евалуација на практична употреба на лекот Lysobact® во периодот од 1976 – 2006.“
Мета – анализа на девет проспективни клинички испитувања, извештаи од Националниот центар те Центар за лекови од Сараево, преглед на стручна литература т.е. долгогодишно искуство и примена во пракса на лекот Lysobact® покажале дека Lysobact® покажал одлична ефикасност во смисла на брзо зараснување на оштетената слузница на усната шуплина т.е ја намалува јачината на воспалението како и намалување на субјективното чувство на болка и чувство на жарење на слузницата на устата. Lysobact®– се покажал како сигурен и ефикасен лек со антиинфламаторни особини со позитивно тераписко дејство (антивоспалителни) т.е антибактериски, антифунгални, антивирусни особини со позитивно тераписко дејство на бактериите присутни во забниот плак (забни наслаги).
– Zabolotnyj DI., Zaricvaja IS.: „Отворена студија за ефикасноста и подносливост на лекот Lzsobact во лекување на инфламаторни болести на фарингсот“
Отворено, компаративно, паралелно испитување кое вклучувало 180 пациенти со дијагноза акутен и хроничен фарингит (воспаление на грлото) покажало дека Lysobact® е ефикасен во смисла на побрзо повлекување на симптомите во споредба со комбинирана терапија на антибиотици и раствор на фуралицин, кој испитаниците го користеле за испирање на грлото. Lysobact® покажал антибактериско и антиинфламаторно влијание т.е се препорачува кај пациенти со акутен и хроничен фарингитис.
– Zabolotnyj DI., Mironjuk BM.: „ Отворен астудија со цел проценка на подосливост на препаратите Lysobact во постоперативен третман по тонзилектомија и криохируршки зафати на палатиналните тонзили кај деца
Отворено, комапаративно, паралелно испитување по оперативен зафат на крајници, кое вклучувало 60 тина деца, момчиња и девојчиња на возраст од 3 до 7 години, покажало дека Lysobact® добро се поднесува и допринесува за побрзо зараснување на постопративните рани.
– Andrejčin MA., Borak VP., Išćuk IS., Gospodarska HO. „ Ефикасност на лекот Lysobact® во третман на болки во грлото“
Контролното испитување кое вклучувало 42 пациенти со дијагноза воспление на грлото на возраст од 19 до 48 години, во која пациентите биле поделени во две групи (една група која примала антибиотска терапија , антисептик и витамин и друга група која додтно примала Lysobact®) Kaj пациентите кои примале Lysobact® резултатите од испитувањето покажале :
- побрзо смалување на покачена телесна температура
- побрза нормализација на лабораториски тестови
- побрзо изчезнување на гнојните колекции
- побрзо излекување на пациентите со болки во грлото
Lysobact®се покажал како сигурен и добро поднослив лек.
– Burmak i sar. „Клиничко искуство со терапија на препаратот Lysobact® кај деца со респираторни вирусни заболувања“
Резултати од контролната група кои вклучувале 45 деца на возраст од 7 до 14 години со дијагноза акутни респираторни болести, од кои скоро 20 % имале воспаление на крајниците, покажало подобрување на симптомите на воспаление и побрзо опоравување значајно побрзо кај групата испитаници кои примале Lysobact® во споредба со контролната група кај која се примала конвенционална терапија( инхалации и чаеви). Lysobact® се покажал како ефикасен и сигурен лек во лекување на акутни респираторни болести.
– Kuznecov i sar. „ Ефикасност на препаратот Lysobact® во лекување на деца со дијагноза акутен тонзилит“
Резултатите од испитувањето кое вклучувало 63 деца со дијагноза акутен тонзилитит (воспаление на крајници ) покажале дека Lysobact доведува до побрзо клиничко опоравување, т. е побрза нормализација на лабораториските наоди . Lysobact® покажува способност да ги активира имунобиолошките сили на дејствување на имуните клетки врз антигенот. Ерадикација на причинителот е постигната кај сите испитаници кои примале Lysobact® во споредба со групата која примала антибиотска терапија, орални антисептици и витамини.
– Gorbunov EN., Umanec NP.: „ Искуство со примена на препаратот Lysobact® кај перитонзиларен апсцес“
Примена на лекот Lysobact® се покажала многу успешна кај пациенти со перотонзиларен апсцес кои биле вклучени во контролно испитување во контролно испитување кое опфатило 40 испитаника со дијагноза перитонзиларен апсцес .Пациентите биле поделени во две групи, една која примала само Lysobact® без антибиотици и другата која примале. Во двете групи дошло до подобрување на клиничката слика, а во групата која примала само Lysobact® значајно поголем број деца не покажале потреба за додатна примена на антибиотска терапија. Lysobact® се покажал како сигурен лек без појава на несакани ефекти.
Ostale reference:
- Čopjak V., Gavriljak G. The experience of use of Lysobact in treatment of chronic tonsillitis and/or pharyngitis.
- Burmak J.G. et al. The experience with use of Lysobact in treatment of acute respiratory virus diseases in children.
- Katravenkova N. P. Use of Lysobact in treatment of infective mononucleosis.
- Gorbuzov Z.N., Umanec N.P. The experience with use of Lysobact in treatment of paratonsillar abscessus.
- Djumin O.V.,Tagunova I.K. The experience with use of Lysobact in the practice work of otorhinolaryngologist.
- Gricaj S.O. Efficacy of Lysobact in treatment of acute and chronic oral candidiasis.
- Sideljkova L.F. Report on clinical investigation of efficacy of Lysobact and Stomatidin in treatment of parodontal disease.
- Kucevljak V.F. The experience with Lysobact in clinic for therapeutic stomatology.
- Arifhodžić F. Expert report on the clinical documentation of Lysobact 2000.
- Gospodarski I.J., Govda O.V. Use of Lysobact as complex treatment of chronic subatrophic pharyngo-laryngitis in patients with AIDS.
- Dedišin L.P., Njanjkovski S.L., Sekretar L.B., Senik L.R., Galapač O.S. Use of Lysobact in prevention of acute respiratory virus infections in children.
- Prohorov et al. The experience with use of Lysobact in children with bronchial asthma and chronic sore throat.
- Garjuk G.I. Timošenko J.V., Ševčenko A.M., Čuvakov A.M. Efficacy of Lysobact use after tonsillectomy and surgical opening of paratonsillar abscessus.
- Lesovaja et al. Clinical and mycrobiological efficacy of Lysobact in treatmetn of diseases of maxilloafacial area.
- Parpalej E.A., Novickij A.V. Preventive therapy with Lysobact in treatment of dental caries in children.
- Romanenko I.M., Afonjin S.L. Efficacy of treatment with Lysobact in treatment of different diseases of oral cavity in patients with dermatosis of different etiology.
- Kosenko K.N., Zaporožec N.N. Clinical and immunological aspects ofuse of Lysobact in treatment of lateral gingivitis in children.
- Kucevljak V.F., Babić E.M., Ciganova N.B. Lysobact in pharmacotherapy of inflammatory parodontal diseases.
Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian