Како да се разликува вирусното од бактериското воспаление на грлото?

Воспалението на  грлото  во повеќето случаи е предизвикано од вируси, болеста е само-ограничувачка и има поволен исход. Во повеќето случаи на вирусен фарингитис има поблага клиничка слика отколку бактериски. Може да биде дел од општа инфекција на дишните патишта или ограничена само на хранопроводникот.

Водечкиот  симптом е болка во грлото, спонтана  или при голтање, и може да е пропратена со рефлексна болка кон увото. Покрај болката, се чувствува печење, жарење и гребење во грлото, малаксаност и покачена температура. Потешките случаи се пропратени  со многу висока температура, токсемија, и општа слабост.

Со преглед се гледа црвенило и оток на слузокожата и лимфните ткива со белузлави наслаги на слузницата, кои се значително помалку отколку во случај на бактериски причинители. Понекогаш постојат дополнителни симптоми карактеристични за одреден вирус, но често не се корисни за разликување на причините  за болеста.

Вирусните воспаленија на грлото се лечат симптоматски. Антибиотиците не дејствуваат на вирусите, поради што не се пропишуваат во случај  на вирусно воспаление! Се препорачува мирување во просторија со постојана и умерена температура, со редовно проветрување и навлажнување на воздухот. Треба да се пијат многу течности (чај), топли, а не вруќи, да се јадат топли супи и да се прави гаргара на грлото. Порано  грлото се испирало со чаеви, како на пример со невен, а денес се заменети со орални антисептици во форма на спреј, течности и ориблети / пастили / таблети.

Употребувајте ги  производите  Lysobact® (Lysobact® компримиран ориблети , Lysobact Spray®  или Lysobact Complete Spray®). Активните компоненти на производот Lysobact®  дејствуваат  против причинителите на воспалението  (бактерии, вируси и габи), ги ублажуваат  симптомите, го смируваат воспалението и го помагаат зараснувањето на оштетување на слузницата на устата и грлото. Lysobact®  ја штити слузницата на устата и грлото и го зајакнува локалниот  имунолошкиот одговор.

 

Симптоми Вирусно воспаление Бакетриско воспаление
Почеток на болеста полека бурно
Температура до 38° C повеќе од  39° C
Болка во грлото блага болка јака болка
Општи смптоми послабо изразени силно  изразени
Респираторни симптоми кивање, зарипнатост, кашлање воглавно ги нема
Хранопроводник црвенсо или без серозен ексудат изразено црвено со гнојни наслаги
Лимфни јазли можат да бидат зголемени, но воглавно не се болни отечени и болни
Лечење симптоматско антибиотик (пропишан од доктор)
Индикации за употреба на Lysobact® ДА ДА

Ако воспалението на грлото е предизвикано од бактерии, болеста  обично настанува одеднаш, тресење и треска, општа слабост, главоболка и малаксаност. Најчеста причина за бактериски фарингитис е бактеријата стрептокок, па со овој тип на фарингитис обично се врзува со името “стрептококна ангина.”  Стрептококната ангина почнува многу нагло, со покачена температура, главоболка и замор. Понекогаш и во почетокот на болеста се појавува и повраќање, особено кај малите деца. Овие општи симптоми, по правило, им претходат на локалните симптоми, меѓу кои е најважна болката во грлото со отежнато голтање, а при прегледот на грлото, особено се издвојува црвенилото на хранопроводот со зголемени и оштететни крајници на кои се гледаат купчиња на гној. За стрептококната ангина карактеристично е  зголемување на лимфните јазли на вратот, под долната вилица, кои се болни на допир. Пациенти со стрептококна ангина, освен болки во грлото, нема други знаци на настинка. Со стрептококната ангина се поврзуваат бројни компликации. Тие порано биле многу почести, а денес со соодветна антибиотска терапија се појавуваат исклучително ретко.

Со проширувањето на воспалението гркланот и отекувањето на слузницата на гркланот може да се појави засипнатост и отежнато дишење, поради консеквентна непроодност и попречување на функцијата на дишните патишта.
Бактериски воспаленија на грлото се лечат со антибиотици пропишани од страна на доктор. Антибиотиците не смееме да ги земаме  “на своја рака”! Многу е важно да при земање на антибиотици строго да се придржуваме до упатствата од  докторот или фармацевтот – да се земе лекот во точно определеното време,  во пропишаната доза и толу долго колку што е препишано.
Како дополнителна локална терапија може да се употребуваат производите Lysobact® (Lysobact® ориблета, Lysobact Spray® или Lysobact Complete Spray®). За разлика од другите производи за симптоматска терапија, Lysobact® може да се употребува во комбинација со антибиотици бидејќи го подобрува нивниот антибактериски ефект.

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian