• bs
  • sq
  • mk
  • sr
  • uk
  • en
  • hr

Lysobact®

УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО: ИНФОРМАЦИИ ЗА  ПАЦИЕНТОТ

 

LYSOBACT® /ЛИЗОБАКТ®  20 mg/10 mg таблети за шмукање

lysozyme/ pyridoxine

 

 

Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството затоа што тоа содржи информации кои се важни за Вас.

  • Овој лек може да го купите и без лекарски рецепт. Потребно е да се придржувате кон препораките во ова упатство, како би добиле најдобри резултати.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба повторно да го прочитате.
  • Ако имате било какви дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот доктор или фармацевт.
  • Ако Ви се јави било кое несакано дејство, обратете се кај Вашиот доктор или фармацевт. Тоа го вклучува и секое можно несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Видете дел 4.
  • Треба да поразговарате со Вашиот доктор ако не почувствувате било какво подобрување или се чувствувате помалку добро по 5 дена.

 

Во ова упатство може да го прочитате следново:

  1. Што е Лизобакт и за што се употребува
  2. Што мора да знаете пред да го употребите Лизобакт
  3. Како да го земате Лизобакт
  4. Можни несакани дејства
  5. Како да го чувате Лизобакт
  6. Содржина на пакувањето и други информации

Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian

Лизобакт содржи две активни состојки наречени лизозим хидрохлорид и пиридоксин хидрохлорид.

Лекот се препорачува во случај на блага болка во грлото која не е придружена со треска, афти и мали ранички во устата, кај возрасни пациенти и деца на возраст над 6 години.

Треба да го контактирате Вашиот доктор ако не чувствувате подобрување или ако се чувствувате помалку добро по 5 дена.

Немојте да земате Лизобакт таблети за шмукање:  

  • ако Вашето дете е на возраст под 6 години.
  • ако сте алергични (пречувствителни) кон лизозим хидрохлорид, пиридоксин хидрохлорид или кон било која друга состојка од лекот наведени во делот 6.
  • ако сте алергични на јајца (затоа што лизозим се екстрахира од белката на јајце од кокошка).

 

Предупредувања и мерки на претпазливост

Поразговарајте со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете Лизобакт.

 

Посебни предупредувања

 

Употребата на високи дози пиридоксин (Витамин В6) во текот на подолг временски период (неколку месеци или дури и години) може да доведе до парестезија и нарушена рамнотежа, тресење на рацете и нозете и потешкотија во координацијата на движењата. Овие симптоми генерално се повлекуват по прекин на третманот.

Пролонгирана употреба (подолго од 5 дена) на лекот не е посакувана, бидејќи може да доведе до нарушување на рамнотежата на нормалната микрофлора во усната празнина.

 

Претпазливост при употреба

 

Болно грло:

Во случај на појава нa:

  • Зголемена телесна температура;
  • Пурулентен спутум;
  • Тешкотија при голтање на храна;
  • Влошување или недостиг на подобрување по 5 дена од користењето на овој лек;

КОНСУЛТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ДОКТОР!

 

Афти и мали ранички во устата:

Во случај на појава на:

  • Опсежни лезии;
  • Проширување на лезиите;
  • Покачена телесна температура;

КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ВЕДНАШ ВАШИОТ ДОКТОР.

 

Деца и адолесценти

Овој лек не смее да се користи кај деца на возраст под 6 години.

 

Други лекови и Лизобакт

Кажете му на Вашиот доктор или фармацевт ако земате, неодамна сте земале или можеби ќе земате било какви други лекови.

Не земајте истовремено лекови кои содржат антисептик.

 

Овој лек содржи лизозим хидрохлорид и пиридоксин хидрохлорид. И други лекови ги содржат. Немојте да ги комбинирате за да не ја надминете максималната препорачана доза (видете дозирање и начин на примена).

 

Лизобакт со храна и пијалоци

Нема посебни забелешки.

 

Бременост и доење

Како мерка на претпазливост, најдобро е овој лек да не се користи во тек на бременоста.

Излачувањето на лизозимот во млекото е непознато, така што Вие треба да избегнувате да го земате овој лек ако доите.

Ако сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате да забремените, прашајте го Вашиот доктор или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.

 

Управување со возило и ракување со машини

Нема посебни забелешки.

 

Лизобакт содржи лактоза

Пациентите со неподносливост на галактоза, недостаток на лактаза или синдром на малапсорпција на глукоза или галактоза (ретки наследни болести), не треба да го употребуваат овој лек.

 

Лизобакт содржи натриум

Овој лек содржи помалку од 1 mmol натриум (23 mg) во таблета, т.е. есенцијално “без натриум”.

Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот доктор или фармацевт. Проверете со Вашиот доктор или фармацевт ако не сте сигурни.

 

ОВОЈ ЛЕК Е НАМЕНЕТ ЗА УПОТРЕБА КАЈ ВОЗРАСНИ ПАЦИЕНТИ И ДЕЦА НА ВОЗРАСТ НАД 6 ГОДИНИ.

 

Препорачана доза е 6-8 таблети за шмукање распоредени подеднакво во текот на денот.

 

Начин на употреба

Лекот се администрира перорално (во уста).

Треба да се овозможи таблетите за шмукање полека да се растопат во устата под јазикот.

 

Интервалот помеѓу секое дозирање мора да биде најмалку 1 час.

 

Времетраењето на третманот е ограничено на 5 дена. Доколку симптомите не се подобрат по 5 дена од терапијата, обратете се за совет кај Вашиот доктор.

 

Употреба кај деца

Лизобакт таблетите за шмукање се контраиндицирани кај деца под 6 години возраст.

 

Ако сте земале повеќе Лизобакт отколку што треба

Ако користите високи дози од лекот во подолг временски период (неколку месеци, или дури и години) може да се појави периферна невропатија (трнење, тремор на рацете и стопалата, мускулна слабост), која вообичаено е реверзибилна по прекин на терапијата. Ако се појават овие нарушувања, контактирајте го што е можно побргу Вашиот доктор, кој ќе Ви препорача терапија и соодветно ќе ја следи Вашата состојба.

 

Ако сте заборавиле да земете Лизобакт

Не земајте двојна доза од лекот за да ја надоместите пропуштената доза.

 

Ако прекинете да земате Лизобакт

Не е применливо.

 

Ако имате било какви други прашања за употребата на овој лек, прашајте го Вашиот доктор или фармацевт.

Како и сите лекови, Лизобакт  може да предизвика  несакани дејства, иако не секој ги добива.

 

Може да се јават алергиски реакции со непозната честота (не може да се процени од достапните податоци):

  • Тешка генерализирана алергиска реакција (алергиски шок), нагло отекување на лицето и вратот (ангиоедем).
  • Пликови (уртикарија), чешање, осетливост кон сончева светлина (фотосензитивност).

 

Пријавување на несакани дејства од лекот

Пријавувањето на несаканите дејства регистрирани по пуштање на лекот во промет е од голема важност. На овој начин се обезбедува континуирано следење на користа наспроти ризикот од употребата на лекот.  Несаканите реакции можат да се пријават преку Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр. 54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/

Чувајте го лекот подалеку од дофат и вид на деца.

Да се чува на температура до 30°C.

Да се чува во оригиналното пакување и заштитено од влага.

 

Рок на употреба: 60 месеци.

Лизобакт не смее да се употребува по истекот на датумот на употреба што е наведен на пакувањето. Рокот на употреба се однесува на последниот ден од месецот.

 

Отстранување на неискористениот лек или отпадните материи кои потекнуваат од лекот се врши во согласност со локалните законски прописи.

Што содржи ЛИЗОБАКТ

Активните супстанции се: лизозим хидрохлорид и пиридоксин хидрохлорид.

Една Лизобакт таблета за шмукање содржи: лизозим хидрохлорид 20 mg и пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6) 10 mg.

 

Лизобакт таблетите за шмукање ги содржат следните ексципиенси: лактоза монохидрат, хипромелоза, магнезиум стеарат, натриум сахаринат и ванилин.

 

Како изгледа Лизобакт и содржина на пакувањето

 

Лизобакт таблетите за шмукање се бели до скоро бели по боја, по облик округли, со рамни и мазни површини и неоштетени рабови, со втисната поделбена линија на едната страна.

Поделбената линија не е наменета за кршење на таблетите за шмукање.

 

Лизобакт таблетите за шмукање се спакувани во кутија која содржи 30 таблети за шмукање (3 блистери со по 10 таблети за шмукање).

 

 

Производител:

БОСНАЛИЈЕК, фармацевтска и хемиска индустрија, акционерско друштво, Јукичева 53, Сараево, Босна и Херцеговина.

 

 

Носител на одобрението за промет во Република Македонија:

Претставништво БОСНАЛИЈЕК Д.Д. во Република Македонија, бул. Партизански Одреди бр.101, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

 

Начин на издавање

Лекот се издава без лекарски рецепт (БР).

 

Број и датум на одобрението за ставање на лекот во промет

15-9892/4 од 23.09.2015

 

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство

Јануари, 2024  година.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За дополнителни информации за индикациите,мерките на претпазливост и несаканите дејства на лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.