На пазарот, само Lysobact® производите содржат лизозим!
Lysobact® производи делуваат на причинителите на воспалителните процеси во устата и грлото, го ублажуваат воспалениетои симптомите, го забразуваат оздравувањето и можат да спречат развој на потешки инфекции и воспаленија.
Заради природните состојки, Lysobact® е еден од најбезбедните лекови во својата група.
Lysobact® е еден од најчесто користените производи во терапија на воспаленија на слузницата на устата и грлото. До денес Lysobact® го користеле повеќе од 50 милиони особи ширум светот.
За лизозимот во Lysobact® производите:
Лизозим е протеин од природно потекло со ензимско дејство кое во организмот врши разни корисни функции. Способноста на лизозимот да разорува („lysis“, од грчки. λύσις) бактериски клетки станала корен на неговото име. Лизозимот во 1922година го открил нобеловецот Alexander Fleming.
„Откритието на лизозим еден ден ќе побуди поголем интерес од откритието на пеницилинот”
Sir Alexander Fleming, кој го открил пеницилинот
Нормално е присутен во плунката, крвта, солзите, мајчиното млеко/колострумот, желудочната содржина и во дигестивните соскови, урината, потта… т.е во многу човечки клетки кои се дел од имуниот систем, како што се на пример: неутрофилни леукоцити, ретикулоендотелни клетки, моноцити и макрофаги, т.н Купферови клетки…
Со оглед дека устата е „влезна врата” за микроорганизмите од надворешната средина, лизозимот во состав на плунката претстваува прва линија на одбрана на организмот, спречувајќи продор на организми.
Клиничките студии потврдуваат дела лизозизмот делува:
– антимикробно (против бактерии, вируси, и гливици). Антибактериските својства се гледаат во способноста на лизозимот да ги уништува бактериите. Утврдени се бар шест различни механизми со помош на кои лизоззимот ги унуштува бактериите.Во раните истражувања, осетливоста на дејството на лизозим покажале следниве бактериски видови: Micrococcus, Sarcina, Staphylococcus, Streptococcus, Lactobacillus, Bifidobacterium, Bacillus, Clostridium, Corynebacterium, Escherichia, Salmonella, Shigella, Erwinia, Yersinia, Pseudomonas, Pasteurella, Neisseria, Campylobacter итн.
Лизозимот делува против некои вируси како Herpes simplex и Herpes zoster т.e вирусот Influenze (вирус кој предизвикува грип), како и против некои гливици од родот Candida, Phytophtora и Fusarium.
Во комбинација со антимикробни преперати лизозимот го појачува нивното дејство(на пр. го потенцира дејството на антибиотиците врз батерииите).
– антиинфалматорно (против воспалително). Лизозимот го намалува воспалението делувајќи на воспалителниот процес на слузницата на устата и грлото кое може да настане со дејство на микроорганизми, но и со дејство на физички и хемиски фактори како (на пр. протези, коронки, нагли промени на темперетурата на воздухот, сув воздух, прегласно предолго зборење, прашина, чад од цигари, алкохол, жешки пијалоци, газирани пијалоци, жешка, презачинета храна…), како и поради пад на имунитетот (на пр. настанок на aфти, кои подоцна можат секундарно да бидат инфицирани со бактерии, вируси, или гливици). Лизозизмот ја стабилизира мембраната на воспалителните клетки т.е спречува прекумерно активирање и смалува деструктивна активност на некои воспалителни ензими. Противвоспалителното дејство на лизозимот доведува до благо аналгетско дејство.(дејствува против болка).
– прорегенеративно, тој помага и ја забрзува регенарацијата (обнова и зaраснување ) на слузницата. Лизозимот позитивно дејствува на регенерацијата на ткивата по воспаление, после повреди или после хируршки интервенции. Го намалува бројот на воспалителни клетки и ги стимулира клетките кои учествуваат во процесот на зараснување на раните и оштетување на слузницата на усната шуплина, лизозимот помага и ги збарзува овие корисни процеси.
Кај деца со намалена концентрација на лизозим во усната шуплина се забележуваат поизразени воспалителни симптоми и поспоро зараснуваат постоперативните рани по тонзилектомија („операција или вадење на крајници“)
– имуномодулаторно, лизозимот влијае на зајакнување на локалниот имун одговор на слузницата на устата и грлото, потикнува корисен имун одговор (ги стимулира клетките на имуниот сиситем да произведуваат интерферон, интерлеукин, фактор некроза на тумурните клетки, потикнува координирано локално дејство на клетките на имуниот сиситем) ги смалува штетените реакции (ја стабилизира мембраната на воспалителните клетки ја намалува нивната дегранулација и ослободување на медијатори на воспалителната и алергиска реакција, вклучувајќи и чистење на организмот од штетените компоненети на имуниот одговор). Лизозимот спречува настанок на т.н слободни радикали, односно делува како антиоксиданс.
– мукопротективно. Лизозимот е еден од најважните фактори на зајакнување на локалната неспецифична отпорност на слузницата на устата и грлото. Лизозимот ја штити слузницата и ја зголемува нејзината неспецифична отпорност на инфекции. Покажува способност за агрегација на бактерии, со што се смалува можноста за колонизација на бактериите на површината на устата т.е го подобрува нивното отсранување од усната шуплина. Лизозимот ги појачува и адхезивите и антимикробните својства на Ig A (имуноглобулин A).
Лизозимот спречува пореметување на рамнотежата на нормалната микрофлора во устата. Намалена концентрација на лизозим во усната шуплина има кај деца кои имаат хрончен тонзилит (хронично воспаление на крајниците).
– aнтиалергиски. Со своето дејство лизозимот го намалува антигенското оптеретување на организмот (антигени се молекули кои потикнуваат имуна реакција во организмот и доколку се наоѓаат т.н алергени, кај преосетливи особи можат да предизвикаат претерана и бурна имуна реакција која ја нарекуваме алергија). Со стимулација на фагоцитите и со потенцирање на коопертивните функции на лимфоцитите лизозимот придонесува за распознавање на штетните антигени и спречување на нивниот продор во организмот.
– „anti-plaque“ дејство. Лизозимот докажано намалува формирање на забни наслаги/плак. Лизозимот има значајно дејство во превенциј на насатанување на забен кариес.
Поради сите наброени својства, лизозимот во светот има широка примена во разно превентивни и тераписки цели.
За останатите состојки во Lysobact® производите:
Витамин B6
Пиридоксин е витамин од B групата кој покажува заштитно дејство на слузницата на усната шуплина. Заштитното дејство го остварува со спречување на нарушување на интегритетот на клетките на слузницата на усната шуплина. Има спротивна метаболичка улога дејствувајќи како коензим во метаболизмот на протеини, јагленихидрати, масти и стероидни хормони. Истотака поседува и извесно влијание против настанување на афти т.е допринесува за нивно побрзо изчезнување.
Цетилпиридин
Цетилпиридин е антимикробен антисептик кој го појачува антибактериското дејство на лизозимот. Покажува широк антимикробен спектар на дејство против многу микроорганизми, вклучувајќи вируси и гливици. Во случај на подолготрајна примена на цетилпиридин не доаѓа до нарушување на оралната микрофлора. Сигурноста на локалната примена на цетилпиридин во усната шуплина, во оквир на препорачана доза, детално е проценета и потврдена во различни контролирани клинички и предклинички студии.
Лидокаин
Лидокаин е локален анестетик кој нежно ја анестезира слузницата на устата и грлото, со тоа отстранувајќи го чувството на болка која е пратечки симптом во сите јаки воспалителни процеси во подрачјето на слузницата на устата и грлото.
Taбела 1. Споредбен преглед на корисни превентивно-тераписки дејства во усната шуплина и грлото
Корисни дејства | Lysobact® | Lysobact Spray® | Lysobact Complete Spray® | Останати антисептици на пазарот |
---|---|---|---|---|
антимикробно | ДA | ДA* | ДA* | ДA |
аналгетско | ДA | ДA | ДA | НE/ДA |
анестетско | НE | НE | ДA | НE/ДA |
антинфламаторно | ДA | ДA | ДA | НE |
прорегенеративно | ДA | ДA | ДA | НE |
мукопротективно | ДA | ДA | ДA | НE |
имуномодулаторно | ДA | ДA | ДA | НE |
антиалергиско | ДA | ДA | ДA | НE |
анти-плак | ДA | ДA | ДA | НE |
Напомена | Содржи лизозим | Содржи лизозим и цетилпиридин. | Содржи лизозизм и цетилпиридин и лидокаин. | Не содржат лизозим |
*Заедничко , синергистичко , антимикробно дејство на лизозимот и антисептикот цетилпиридин.
Ova stranica je također dostupna na: Bosnian Albanian Serbian Ukrainian English Croatian